Интернационална смотра на Извидници во Скребатино, кај Охрид
Објавено на 20 јули, 2013 во 08:01
Со учество од 500 до 800 извидници, од сите категории, во селото Скребатно кај Охрид денеска започнува 11-тата интернационална смотра на извидници. Организатор е Сојузот на Извидници на Македонија.
Смотрата се одржува под мото „Засекогаш млади“ со активностите се поделени во четири главни области – култура и традиција, 60 години извидништво, авантура и природа и забава и креативност. До крајот на смотрата, 28 јули, извидниците се очекува да изведат над 40 активности.
Настанот е под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, началникот на Генералштабот на АРМ генерал Горанчо Котески и Агенцијата за млади и спорт.