На преминот Богородица неколку километри долга колона од возила
Објавено на 20 јули, 2013 во 08:11
Утринава е забележан голем метеж на граничниот премин Богородица, пренесе Фактор. Колоната со возила за излез од државата и за влез во Грција почнува од хотелот Фламинго. Македонските гранични служби се одлично организирани и практично работат сите 8 ленти за излез од Македонија. Чекањето на преминот не е подолго од 30 минути до 45 минути.
Најбројни се возилата на туристите од Србија,, помалку се гости од европските земји има и македонски возила.
Патниците велат дека се изненадени од организираноста на граничните служби, а слична е состојбата и на грчка страна.
Фото: Фактор