Експлодираше бомба во Лариса
Објавено на 20 јули, 2013 во 15:03
Бомба денеска беше фрлена врз куќата на обинител во центарот на градот Лариса во Грција. Нема повредени јавија агенциите во Грција. За време на бомбашкиот напад обвинителот и неговото семејство не се наоѓале во домот.
Овој напад е втор за помалку од една недела. Во средата имаше обид за бомбашки напад на суд во Атина. Полицијата деактивира бомба што во пакет стигна во судот. Пред еден ден Зружението на судии во Грција побара да им се осигура безбедноста од екстремните опасности со кои се соочуваат поради својата работа.