Денеска сончево и топло!
Објавено на 21 јули, 2013 во 06:38
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Попладне во западните, северозападните како и во источните и североисточните предели нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици.
Ќе дува умерен северозападен и северен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 12°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 26°C до 35°C. УВ индекс 8.
Во Скопје денеска претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 17°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 33°C. УВ индекс 8.
Од понеделник следува период на сончево и топло време со постепен пораст на температурите.