Од денеска Македонија во жолта фаза со тропски температури!
Објавено на 25 јули, 2013 во 06:35
Денеска во Македонија ќе имаме тропски ден. Ќе биде претежно сончево и многу топло.
Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 28°C односно до 37°C. УВ индекс 9.
Во Скопје, ќе биде сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 17°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 35°C. УВ индекс 9.