Протест на новинарите за продолжениот притвор на колегата Кежаровски
Пред Основен суд Скопје 1 денеска во 11 часот ќе се одржи протест на Иницијативниот одбор за спас на новинарот Томислав Кежаровски. Така ќе се изрази револт по вчерашната одлука на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 за продолжениот притвор на новинарот.
Новинарот Кежаровски, четврти ден штрајкува со глад во притворското одделение на истражниот затвор во Скопје. Иницијативниот одбор, бара новинарот да се брани од слобода или да му биде одредена мерката домашен притвор.
Неговото семејство го заложи целиот имот со цел Кежаровски да излезе од притвор и да се брани од слобода.
Томислав Кежаровски беше уапсен кон крајот на мај и обвинет е дека пред 5 години објавил текст во кој според обвинителството го открил името на заштитен сведок во случајот со платеното убиство во велешкото село Ореше.