Започнуваат горештините!
Сончево и многу топло ќе се задржи и денеска. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.
Утринските температури од 13°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 28°C до 37°C. УВ индекс 9.
Во Скопје во петок тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 35°C. УВ индекс 9.
Во деновите од викендот, во сабота и недела тропски денови, сончево и многу топло. Максималните дневни температури ќе достигнат до 40°C. УВ индекс 9.
Максимумот топлотниот бран ќе го има во понеделник и вторник кога се очекуваат да бидат измерени највисоките дневни температури досега, кои ќе се движат во интервал од 32°C до 42°C и УВ индекс 10