Работодавачите да ги заштитат работниците од високите температури
Работодавачите треба да преземат мерки за да ги заштитат работниците од најавениот топол бран кој ќе ја зафати земјава. Тие добија препораки од Сојузот на синдикатите и Министерството за труд и социјална политика.
Ќе треба да обезбедат соодветни простории за разладување, лесна работна облека, превентива од зголемени опасности при работа (пожари), соодветна организација на работата, контрола на работниот процес и проценка на ризик на работните места, избегнување прекувремена работа, користење на паузите за одмор и ако е потребно, воведување дополнителни кога температурата е висока, особено меѓу 11 и 16 часот.
Работодавачите во градежништвото, земјоделството, енергетиката, металургијата, сообраќајот, прехранбената индустрија, текстилот, армијата, полицијата ќе бидат под засилени инспекциски контроли на министерството. Синдикатот побара од работниците да се организираат во синдикати за да можат организирано да настапат пред работодавачите и да се изборат за реализирање на мерките.