Со натпис „Слобода за Кежо“ -маици за пратениците
Објавено на 26 јули, 2013 во 20:23
Инцијатинвиот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски на Собранието утре во 11 часот ќе му достави 123 маици со натпис: „Слобода за Кежо“.
Одборот апелира до пратениците, независно на која партија и припаѓаат за време на седниците да ги носат маиците во знак на солидарност и подршка на напорите на новинарската заедница да му се дозволи колегата Кежаровски да се брани од слобода.