Продолжен притворот на екс разузнувачот Богоевски
Објавено на 17 август, 2013 во 08:46
Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 му го продолжи притворот на поранешниот шеф на Службата за државна безбедност, Слободан Богоевски.
Во притвор остануваат и останатите тројца обвинети во случајот „Агент“. Обвинението ги товари за организиран криминал и корупција при продажба на државно земјиште.