Денес сончево и топло
Објавено на 19 август, 2013 во 07:04
Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 13°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 29°C односно до 38°C. УВ индекс 8.
Во Скопје исто така сончево и топло. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19°C, а максималната дневна ќе достигне до 36°C. УВ индекс 8.