Нема детали од средбата Груевски-Заев
Објавено на 19 август, 2013 во 14:00
Заврши средбата помеѓу премиерот Груевски и лидерот на СДСМ, Заев. Средбата поминала без камери и изјави.
Единствено од нивните кабинети било соопштено дека ќе биде испратено заедничко соопштение со детали од средбата.
Според најавите, средбата се однесува на усогласување на ставовите за Анкетната комисија околу инцидентот на 24 декември.