Сончево и топло, попладне со услови за дожд
Објавено на 20 август, 2013 во 07:02
Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и топло. Попладне во западните, а во вечерните часови во јужните и југоисточните предели со услови за слаби локални врнежи од дожд.
Ќе дува слаб југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува североисточен и источен ветер. Утринските температури од 11°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 27°C до 37°C. УВ индекс 8.
Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 17°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 35°C. УВ индекс 8.