На синоќешниот собир кај Бристол, Паркобраните ја повикаа Опозицијата да излезе на улица
На синоќешниот собир кај Бристол наречен „Смрт на фашизмот-СЛОБОДА ЗА СЛОБОДАТА“ беа одбележани изминатите 15 дена од сечењето на дрвјата кај хотелот. Него го организираа Паркобраните, граѓани почитувачи на природата кои се залагаат за зачувување на дрвјата и дрворедите на улиците во Скопје.
Меѓу присутните беше и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и опозициски пратеници.
Паркобраните од собирот ги повикаа граѓаните и опозицијата да се освестат, охрабрат и да излезат на улиците, јави А1.он. Нив ги поддржаа стотина граѓани кои за време на сечењето на дрвата во 4 часот после полноќ беа брутално исфрлни од паркот кој го бранеа. Повеќемина граѓани зборуваа на собирот.
Влатко Ристески, се заблагодари на како што рече најхрабриот градоначалник, градоначалникот на општина Центар, кој што не се уплашил од заканите и храбро не плашејќи се и се спротиставил на ненародната власт. Тој и се обрати на опозицијата, потенцирајќи дека народот ја бара да излезе на улиците.
Кирил Ристески, кој зборуваше во име на младите, а воедно и како еден од двајцата млади кои биле на барикадите ноќта кога се сечеле дрвата, рече дека се надева дека тоа е последен пат младите да ја почувствуваат тортурата од полицијата.
„Опозицијо разбуди се, нема време за молење, нема време за амандмани, нема време за демократски дискусии. Време е да се излезе на улица и време е оваа диктатура да заврши“, беше пораката која Ристески и ја испрати на опозицијата.