ЗНМ поднесе амандман на Законот за медиуми
Здружението на новинари на Македонија до Собранието доставило амандман кој се однесува на Предлог-законот за медиуми со кој и предлага на Владата законот да стапи во сила по влезот на Македонија во Европската унија, пишува „Вест“.
Амандманот содржи еден, член во кој стои: Овој закон ќе се применува по приемот на Република Македонија во Европската унија.
– ЗНМ е против донесувањето на Предлог Законот за медиуми затоа што сме убедени дека тој нема да придонесе за развојот на независни и професионални медиуми ниту ќе ја зајакне слободата на изразувањето. Напротив, тој од власта ќе биде искористен како инструмент за дисциплинирање на медиумите за справување со критичките гласови во општеството. За да се одбегнат штетите по евроинтеграцијата на Македонија со евентуално стапување во сила на овој закон, сметаме дека неговото применување треба да почне од денот кога Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ – стои во образложението на ЗНМ.
Денеска е најавена изјава од претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.