Два авиони го гаснат пожарот кај Марков манастир
Објавено на 20 август, 2013 во 14:46
Два противпожарни авионa повеќе часа им помагаат на скопските пожарникари во локализирање на пожарот кој денеска пламнал во шумскиот предел над Марков Манастир, извести Дирекцијата за заштита и спасување.
Според ДСЗ, пожарот беснее на потегот помеѓу селата Осинчане и Малчиште, а поради непристапноста на теренот, пожарот може да се гаси само со авиони.