Умерено облачно со сончеви периоди!
Објавено на 21 август, 2013 во 07:00
Умерено облачно со сончеви периоди ќе биде времето денеска претпладне. Услови за локални врнежи од дожд ќе има во западните и југозападните предели во попладневните часови.
Ќе дува умерен северен и североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 22°C, а максилните дневни температури од 26°C до 36°C. УВ индекс 7.
Во четврток и петок ќе има осетен пад на дневните температури и доста пријатно време.