Какво време ќе имаме викендов?

Објавено на 9 август, 2014 во 05:23

Времето денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели понекаде ќе дува слаб североисточен ветер.

Утринските температури од 11°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 25°C до 35°C. УВ индекс 8.

 

Во Скопје ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 17°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 32°C. УВ индекс 8.

Во недела ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели слаб североисточен ветер.

Утринската температура од 12°C до 21°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 27°C односно до 37°C. УВ индекс 8.

http://weather4all.com.mk/

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.