Македонка го преплива Охридско езеро

Објавено на 14 август, 2014 во 07:33

Катинка Димкароска, Македонка родена и живее во Словенија, деновиве, за нешто помалку од 13 часа успеа да го преплива Охридско езеро. Иако се работи за „рекреативец“ кој за прв пат плива во слатки води, сепак мотивот бил преголем за се одлучи на овој подвиг, јави Охрид нус.

„Идејата за овој подвиг ми дојде сосема случајно, гледајќи ги олимпијците пред неколку години. Имав голема желба да го испливам Охридското Езеро, па така го одредивме датмот и се спонтано се случи,“ –  вели во изјава за охридскиот веб портал Димкароска.

Таа успеа маратонската патека да ја преплива „краул“, со претходни интензивни психички тренинзи.

„Претпоставував дека ќе имам помалку за пливање, но испаднаа речиси 13 часа. Тргнав во 6 утрото од Св. Наум, а нешто после 18 часот бев на градското пристаниште во Охрид. Нормално, со помош од мојата добра екипа, која цело време беше покрај мене за време на подвигот. Правев кратки паузи, како би добила стабилност и би ја пребродила онаа криза, која секогаш се јавува за време на пливањето. Присебна ме одржаа оние домашни енергетски напитоци кои меѓувреме ги конзумирав. Последните 200 метри ми беа најдолги и најтешки од целата патека.“ .

Димкароска  досега два пати со велосипед извозила  од Љубљана до Охрид. Како што вели, следниот предизвик и е да стигне пеш или со трчање од главниот град на Словенија до Охрид, град кој е  одлична туристичка дестинација со примамливи понуди за гостите. Таа на младите им препорачува да се „тргнат“ од компјутерите и своето слободно време да го искористат во спорт и рекреација.

Фото: Охрид њус

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.