Болеста син јазик се појави и во Пијанец
Забрана за продажба на жива стока воведоа ветеринарните инспектори и за делчевските села Нов Истевник и Разловци, јави Радио Канал 77.
Причината за овој потег е евидентираното присуство на вирусот предизвикувач на болеста син јазик кај една крава во Нов Истевник, маало Пасјак и две во Разловци. Жителите во маалото Пасјак, не се запознати дека болеста стигнала до нивната порта.
Тешката година за земјоделците , болеста син јазик ја прави уште потешка. Па, тие веќе ги бројат штетите, но искуството од болеста од 2001 година во Малешевијата им дава оптимизам и на експертите дека загубите ќе бидат минимални.
Според проф д-р Јован Бошњаковски, штетите се повеќе индиректни.
„А смртноста е од 2-3 % иако во териојата се зборува и за смртност до 37% но тоа кај нас не е случај,“ потенцира д-р Бошњаковски. Според него, говедата и козите се поотпорни на болеста за разлика од овците.
