Какво време ќе имаме викендов?

Објавено на 23 август, 2014 во 05:08

Времето денеска  ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне во северозападните и североисточните предели а во вечерните часови и во источните предели ќе биде нестабилно со услови за слаб локален дожд и грмотевици.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен западен и југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 25км/ч.  Утринските температури ќе се движат од 12°C до 21°C, а максималните дневни температури од 26°C до 36°C. УВ индекс 7.

 

Во недела во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Попладне услови за локални врнежи од дожд ќе има во северозападните, северните и североисточните предели. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 12°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе се движат 25°C до 35°C. УВ индекс 7.

http://weather4all.com.mk/

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.