Јуратовиќ за Дојче веле: Државата да го почитува правото на штрајк

Објавено на 30 септември, 2014 во 14:10

Новите законски измени за основно и средно образование кои предвидуваат замена на наставниот кадар со нов го легализираат штрајбрејкерството на штета на образованието и на државата, оценува известувачот за југоисточна евроа Јосип Јуратовик.

Според него, државата мора да го почитува правото на штрајк. Во спротивно, доколку ги прекрши конвенциите за заштита на правата на работниците донесени од  меѓународната организација на трудот, земјава дополнително ќе се соочи со санкции и ќе трпи последици.

Јуратовиќ потенцира дека е неопходно усогласување на законите преку фер и демократски социјален дијалог бидејќи закон  во кој државата си дава легитимитет за организирање на штрајкбрехери е доказ за неспособноста на Владата да води фер дијалог, објаснува известувачот за југоисточна европа за Дојче Веле.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.