Николовски: Ако не не сакате имаме отворена понуда од Русија

Објавено на 14 октомври, 2014 во 15:29

Што може да направи Македонија кога има отворени понуди и претензии на Русија кон регионот (Србија, Црна Гора и Македонија), а нема никакви знаци и реакција од Европската унија и НАТО, кога има само шеста препорака од Европската комисија и знае дека нема да добие датум за почнување на преговорите со Унијата, праша пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, во дискусијата на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и комисиите за надворешна политика и за европски прашања кои го анализираа Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава кон ЕУ на која присуствуваше и евроамбасадорот Аиво Орав.

– Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, јасно стави до знаење дека влегувањето во ЕУ на Црна Гора, Русија и Македонија е закана за Русија. Во услови кога постои сериозон пробив на Русија во Црна Гора и изградба на воена база слична на Бондстил во Ниш и кога се очекува невидена парада во Србија за претстојната посета на Путин и нема никаква реакција на ЕУ и НАТО за Македонија, тогаш последиците од овие случувања не може да ги сноси Македонија – рече Николовски кој подвлече дека неговата дискусија е далеку поразлична од онаа што ја имаа пратениците пред него и после него, пренесе Плусинфо.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.