Времето денеска!
Во утринските часови ќе има појава на магла, која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со услови за кратки сончеви периоди и ветровито. Во вечерните часови врнежи од дожд прво ќе ги зафатат западните предели, а во текот на ноќта ќе се прошират на цела територија.
Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од 1°C до 9°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 7°C односно до 14°C.
Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со услови за повремени кратки сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 6°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 12°C.
Во недела во утринските и претпладневните облачно со врнежи од дожд кои во попладневните часови ќе престануваат. Во вечерните часови ќе има појава на магла. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 2°C до 10°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 8°C односно до 15°C.
https://weather4all.com.mk
