Средношколците ќе маршираат и денеска
Објавено на 23 април, 2015 во 09:41
Средношколскиот пленум денеска во 12:00 часот по трет пат ќе маршира против, како што велат, лошите реформи во средното образование.
Маршот ќе започне пред фонтаната во Градскиот парк, од каде средношколците ќе се упатат кон Владата, за да завршат пред Министерството за образование и наука.
Средношколците добија поддршка од Студентскиот, Наставничкиот и Професорскиот пленум, како и од Унијата на средношколци Албанци.
Од Средношколскиот пленум велат дека и покрај притисоците да потпишуваат пријави за државна матура по новиот концепт, голем дел од учениците се солидаризирале и одолеале на притисокот.