С.А.Р.С ги поддржа средношколците во Македонија
Објавено на 23 април, 2015 во 09:55
Членовите на српската алтернативна музичка група С.А.Р.С. денеска споделија фотографија на социјалните мрежи со која ги поздравија средношколците во Македонија, кои веќе трета недела ја бојкотираат формалната настава во училиштата,пишува Нова ТВ.
„Ратујемо ти и ја… како пленум и влада“, е нивната порака, чиј прв дел е наслов од нивната популарна песна.
Поддршка на средношколците им дадоа и познати музички имиња од македонската сцена меѓу кои Тони Зен, Бени Шаќири, Џака Накот, Тајзи и други.