Во Брисел прво одвоени средби, а потоа заедничка
Денеска во 11 часот почнуваат средбите во Брисел на кои претставнитие на најголемите политички партии во земјава СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА ќе треба да се обидат да најдат решение за политичката криза со помош на еврокомесарот Јоханес Хан и европратеникот Иво Вајгл.
Како што информира МИА, прво ќе имаат одвоени 45 минутни средби, комесарот Хан со Зоран Заев, а потоа и со Никола Груевски, а ќе присуствуваат и другите високи партиски преставници Радмила Шекеринска и Рената Дескоска од СДСМ и Никола Димитров и Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ.
По билатералните средби со Заев и со Груевски, околу 13 часот се очекува на состанокот да се придружат и Али Ахмети и Мендух Тачи. На состаноците ќе присуствува и европратеникот Иво Вајгел.
Сите овие обиди за изнаоѓање на решение за полтичката криза се очекува да завршат најдоцна до 18 часот, бидејќи потоа комесарот Хан има други активности на агендата.
Каков ќе биде исходот од овие средби тешко е да се прогнозира, но се очекува на маса да биде ставено прашањето за формирање на преодна влада, како и поставување на бенчмарковите што таа треба да ги исполни до април наредната година за кога четирите лидери со согласија да има предвремени парламентарни избори.