Дел од лекарите кои одлучуваа за малата Тамара, не се појавиле пред обвинител
Објавено на 10 јуни, 2015 во 09:11
Дел од лекарите кои одлучуваа за малата Тамара, не се појавиле пред обвинител.
Дел од лекарите од комисијата која одлучуваше за лекувањето на Тамара Димовска не се појавиле на сослушување пред обвинител дознава Телма.
Најчесто изговорот бил дека се на операции и не можат да дојдат. Од Обвинителството велат дека се сослушани лекарите кои ги давале конзилијарните мислења. Сега предметот е даден на вештачење и во моментов се повикани докторите кои учествувале во работата на комисиите.