Милчин се збогува од „Сорос“
Фани Каранфилова-Пановска, според информациите, е избрана за нов извршен директор на фондацијата „Отворено општество – Македонија“. Долгогодишната внатрешна членка на фондацијата ќе го замени режисерот и професор 67-годишниот Владимир Милчин, кој по 23 години лидерство го напушта кормилото на македонскиот разгранок од мрежата на Сорос во Централна и Источна Европа, пишува Утрински весник.
Претседателката на Управниот одбор на ФООМ, Маја Бојаџиевска, вчера не одговараше на телефонските повици за да ја потврди или демантира ваквата информација. Околу промената на врвот не сакаше да коментира ниту Милчин, кој вечерва ја има премиерата на својата нова театарска претстава: „Денес не напишав ни збор“. Во кусиот телефонски разговор, тој само ни потврди дека на водечкото место во ФООМ останува до 30 јуни.
Текстот во целост прочитај го тука.