Иџет Мемети ќе ја презентира состојбата со мигрантите
Објавено на 12 јуни, 2015 во 09:10
Народниот правобранител, Иџет Мемети денеска ќе ја презентира актуелната состојба во прифатниот Центар за странци во Гази Баба, јави Телма.
Ваквиот потег следи откако вчера негова екипа таму направила опсежна истрага по наводите дека странските мигранти се бунтувале поради крајно лошите и нечовечки услови и барале да бидат преместени во центарот за азил во Визбегово. Во прифатниот Центар во Гази Баба има повеќе од 200 мигранти, а таму беа донесени и 120-тте кои полицијата вчера ги пронајде во кумановското погранично село Ваксинце.