Мемети: Да се донесе законот за азил
Објавено на 12 јуни, 2015 во 15:39
Народниот правобранител Иџет Мемети денеска побара што поскоро носење на измените и дополнувањата на Законот за азил и привремена заштита со цел да се ублажат проблемите поврзани со мигрантите кои преку територијата на Македонија се обдуваат да стигнат до Западна Европа. Според него, постоечкиот правен систем не дава целосна гаранција за заштита на правата на странците,јави Радио Слободна Европа.
Законот, како што наведе тој, би бил позитивен чекор, но далеку од решавање на проблемот.Бројката на илегални мигранти во земјата, според него, не се знае, а очекувањата се дека таа ќе се зголемува во наредниот период.