ДУИ одлучува за натамошните чекори за излез од кризата
ДУИ одлучува дали ќе остане во владата или ќе ја напушти. Во партијата постојат спротиставени мислења. Едни сметаат дека повлекувањето од владата ќе доведе до предвремни парламентарани избори што во моментов најмногу и одговара на владејачката ВМРО ДПМНЕ. Целта според партиски избори е да се направи притисок врз Заев да се откаже од максималистичките барања за излез од политичката криза бидејќи доколку интегративците се одлучат на ваков чекор изборите ќе се организираат во најкус можен рок. Други се залагаат ДУИ да остане во владата затоа што евентуалното излегување од коалицијата може дополнително да ја продлабочи кризата. Доколку ДУИ напушти владата и се распишат избори на кои опозицијата нема да учествува, тоа дополнително ќе ја влоши ситуацијата во земјава, велат високи функционери од партијата, јави Телма.
ДПА бара нова рамка или нов договор за решавање на политичката криза. Тие не се заинтересирани за понудата да бидат дел од преодната влада.Тачи инсистира на реализација на договорот од 2 јуни и разговор за сите отворени прашања за Албанците во Македонија . СДСМ преку соопштение побара да не се шпекулира и дезинформира во врска со текот и исходот на лидерската средба одржана во Брисел. Изразија благодарност за посветеноста и личниот придонес за разрешување на кризата од страна на еврокомесарот Хан, амбасадорите Бејли и Орав, европратеникот Вајгел и Ален Ле Роа кој сега е во службата за надворешни работи на ЕУ.