Времето денеска!
Објавено на 3 јули, 2015 во 07:20
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер.
Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а дневната од 25 до 33 степена. УВ= 8
Следува период на постабилно и се потопло време претежно со слаб до повремено умерен северен ветер. Значително потопло ќе биде од понеделник кога максималната дневна температура на повеќе места ќе надминува 30 степени.