Дедо од Гевгелија сексуално се изживувал врз петгодишно дете
Објавено на 6 јули, 2015 во 11:50
Триесет дена притвор заработи 81-годишниот Д.С. од Гевгелија. Тој е уапсен бидејќи пред четири дена на нива во атарот на село Стојаково, кај месноста викана „Голиот рид“ извршил полов напад врз петгодишно дете.
Полицијата за настанот дознала откако детето им се пожалило на родителите, кои веднаш пријавиле во МВР.
Извор: Плусинфо.мк