Денеска се слави Иванден
Објавено на 7 јули, 2015 во 08:31
На денешен ден се празнува свети Јован – летен, повеќе познат како Иванден, денот на раѓањето на Свети Јован Крстител, пишува Инфо.
Со Иванден се поврзани многу обичаи, верувања, но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ.
Вечерта спроти празникот жените берат цвеќе што се вика Иваново цвеќе, коешто го ставаат во ковчезите со алиштата за да ги чува од молци.
На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја.