Мисајловски во Кина на визита на првиот воз наменет за земјава
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска и утре претстојува во Кина каде што ќе ја разгледа првата од нарачаните шест патнички гарнитури на возови, пишува Инфо.
Кинската компанјиа ЦСР која ги произведува возовите, согласно Договорот за набавка ја произведе првата троделена патничка електро-моторна гарнитура (ЕМУ) наменета за потребите на МЖ Транспорт.
Договорот кој се потпиша во 2014 година, опфаќа набавка на 6 патнички гарнитури на возови од кои 4 се дизел-моторни троделни парнички гарнитури (ДМУ) и 2 троделни електоро- моторни гарнитури (ЕМУ).
Патничките гарнитури ќе бидат со вкупен капацитет од околу 1.200 патници (секоја гарнитура од околу 200 патници), ќе ги исполнуваат највисоките европски стандарди за превоз на патници, како во поглед на техничките карактеристики, така и во поглед на задоволување на стандардите за квалитетен превоз на патниците.