Средношколски пленум: Основани беа половина од поднесените приговори, се плашеа да ги прифатат!
Ако се прифатеа сите приговори што беа основани ќе се покажеше дека е точно тоа што цело време го зборуваме за големите пропусти во екстерното тестирање, реагира Средношколскиот пленум откако Државниот испитен центар објави дека половината приговори се одбиени, а само седум отсто се целосно прифатени.
– Беа поднесени 2.855 приговори, повеќето од нив ги разгледувавме и може да кажам дека повеќе од 50 отсто беа основани, но не е јасно зошто не се прифатени. Прашувавме во училиштата зошто е тоа така, но одговор не добивме. Веројатно се плашат дека ако ги прифатат ќе се покаже дека екстерното тестирање е многу лоша реформа, што годинава беше најлошо спроведена – вели Бојан Јакимовски од Средношколскиот пленум.
Тој потсетува дека Пленумот останува на своите барања и се уште се надеваат дека ќе се оствари средбата што јавно ја вети министерт за образоование и наука, Абдулаким Адеми.
Пленумците реагираа дека за време на полагање на матурата често се случуваше да паѓа компјутерсиот систем па да се крати времето предвидено за пополнување на тестот, на тестовите имаше прашања што не ги има во материјалот што децата го учеле во тековната учебна година, имаше случаи кога ниту еден од понудените одговори да не беше точен или, пак, не беше јасно кој е точен.
Извор: Плус инфо.мк