Судиите денеска ќе го избираат Советот за факти
Над 600 судии ќе гласаат за првиот состав на Советот за факти – за нивни колеги, кои ќе ги оценуваат како работат. Судиите може и не мора да го заокружат бројот на ливчето за гласање, информира телевизија Телма.
Ова тело беше неодамна формирано, а негова задача е да ги утврдува фактите во случаите кога се поднесуваат претставки против судии. Тогаш во јавноста се коментираше дека нема потреба да се формира ново тело, бидејќи оваа надлежност ја има Судскиот совет и дека постои опасност Советот за факти да стане орудие на власта за вршење притисок врз судиите.
Првиот состав на Советот за факти што ќе ја утврдува одговорноста на судиите влегуваат 19 кандидати. Меѓу нив има и судии чии имиња стана познати во јавноста судејќи познати бизнисмени и политичари.
На списокот е и судијката на Велија Рамковски, Љубен Пауновски, Дејан Докиќ, случајот Фиком.
Кандидат за контролор на работата на судиите е и актуелната советничка на претседателот Ѓорге Иванов и член на комисијата за помилување, пензионираната претседателка на скопска Апелација, Филимена Маневска.
Гласањето е отворено од 8 часот изутрина, а ќе трае до 17 попладне, првичните резултати судскиот совет ќе ги даде во понеделник.
Извор: Локално.мк.