Струга дискриминирана со пеперутки
Градските власти во Струга обвинуваат дека државата повторно ги дискриминира овој пат кога станува збор и за прскањето против белите пеперутки, јави Радио Канал 77.
-Од медиумите дојдовме до сознание дека Владата има обезбедено стотици илјади денари средства за прскање , односно дезинсекција против таканаречените ‘’ бели пеперутки’’, и тоа само во Охрид и неколку други општини, обвинуваат од локалната власт во Струга. „
-Од разни извештаи, од страна на граѓаните , медиумите и општински оделениа дознавме дека и во Струга постои еден вид на овој проблематичен инсект.Но, сепак Владата не сметала дека аеросолната дезинсекција потребно е да се реализира и во територијата на Струга. Ова дискриминациска поделба продолжува, реагираат од Општината.
Минатата година со комарците, ова година со пеперутките, наредната, кој знае можеби ќе се обидуваат и воздухот да го гледат како стока за дискриминација, стои во реакцијата на општина Струга. Од таму велат дека општина Струга самостојно ќе ја реализира, со свои средства акцијата за прскање, односно дезинсекција против комарците и белите пеперутки оваа сабота и недела , почнувајќи од 21:00 часот.