Бочварски: Земјоделците конечно добија Влада која не ги дели по партиска книшка (ВИДЕО)

Објавено на 16 август, 2017 во 15:26

Го поздравуваме интересот на опозицијата за работењето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и за министерот Николовски и се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе разбере и ќе научи како треба да функционира една институција во функција на граѓаните и земјоделците, вели Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ на денешната прес конференција.

Тој најави „една бесплатна лекција за ДПМНЕ, како за само два месеци со правилна работа се решаваат проблемите на земјоделците:

„Ги исплативме тутунарите со износ од 25 милиони евра. Продолживме со исплатата на субвенциите за останатите земјоделски сектори и за само два месеци новата Влада исплати 50 милиони евра. Дополнително, со измените на Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и Програмата за рурален развој за 2017 година, обезбедени се нови 10 милиони евра финансисика поддршка за земјоделците. Од оваа сума 2 милиони евра се за производителите на пченица, пари со кои ќе им се помогне да ги надоместат штетите од временските непогоди“, рече Бочварски.

Тој додаде дека производителите на пченица ќе добијат дополнителни 6.000 денари за хектар. За јачменот се предвидени дополнителни 1 денар за килограм јачмен.

„Ги зголемивме и субвенциите за лозарите и овоштарите. Со измените, овие земјоделци ќе добијат зголемена субвенција од 10% по хектар со цел да се надомести дел од штетата, главно поради измрзнувањето на насадите. За градинарите има дополнителни 10% од висината на сегашните субвенции по хектар, а за сточарите поддршката е преку зголемените субвенции за 10% по хектар фуражни култури. Или, вкупно тоа се уште 2 милиони евра. Останатите 6 милиони евра се за Програмата за рурален развој, односно за мерката за помош на млади земјоделци, за мерката за долгогодишни насади и приплодни грла. Во меѓувреме се распиша оглас за пријавување за мерката за помош за „Млад земјоделец“, односно за финансиска поддршка од 10.000 евра неповратни средства. Ги скративме сите непродуктивни трошоци како тековни расходи , договорни услуги.

Најголемо кратење има во делот на стоки и услуги, од 4 милиони денари“, рече Бочварски и додаде дека земјоделците од Македонија конечно добија Влада која не ги дели по партиска книшка, Влада која ги решава нивните проблеми и која парите на граѓаните ги реализира исклучиво за нивните потреби.

 {vembed Y=itpb0kwf9VI}

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.