Беќаровски: Се зголемува бројот на обиди за самоубиство поради Ковид – 19
30.11.2020
Состојбата со коронавирусот во Македонија психички лошо влијае врз голем дел од луѓето, смета доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24.
Самиот притисок кој сите го чувствуваме заради секојневните статистики доведува до суицидални мисли и депресија. Кај многу од луѓето преовладува стравот поради заразата, и со оглед на тоа што сите сме изложени на опасност секој се плаши за сопствениот живот.
“Последниве неколку месеци суицидалните обиди се зголемени, обидите за самоубиства со труење со киселина е зголемен за 30%. Психички полабилни особи овој притисок не можат да го издржат. Секој ден има напади на медицинскиот персонал, протоколите создаваат дополнителна гужва, па добро е што пред сите центри ќе има војска и ќе се ублажи оваа состојба. Нови симптоми на Ковид 19 се појавуваат секој ден, кај голем дел од оние кои прележале во првиот бран се забележуваат знаци на затегање на срцевиот мускул и други проблеми. Треба да се очекуваат компликации од вирусот, тој ги зафаќа сите органи“, додава тој.
Мите Јаначков