Заев до Каракачанов: Не сме легнале во 1943 година како Бугари, за потоа да се разбудиме како Македонци
Објавено на 21 декември, 2020 во 13:51
21.12.2020
Македонскиот премиер Зоран Заев на денешната прес-конференција апелираше до Бугарија да ги почитува европските вредности, а како што рече една од нив е и правото на самоопределување.
„На 31 декември 1943. Македонците не си легнаа како Бугари и се разбудија на 1 јануари 1944. како Македонци. Тие се Македонци со векови, се чувствувале и се чувствуваат како Македонци. Ние сме биле и сме и ќе бидеме Македонци“.
Ова е пораката којашто ја испрати македонскиот премиер Зоран Заев до бугарските власти, по последната изјава на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов дека не постои одделен македонски идентитет од бугарскиот пред 1944 година.
Мите Јаначков