Промоција на поштенска марка по повод 25-години од воспоставување на дипломатски односи со САД
Објавено на 22 декември, 2020 во 07:53
22.12.2020
Министерот за надворешни работи Бујар Османи и директорот на Пошта, Јани Макрадули денеска во холот на МНР ќе промовираат поштенска марка по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и САД.
На промоцијата преку видео-конференциска врска ќе учествуваат и помошник државниот секретар на САД за европски и евро-азиски прашања Филип Рикер и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз.