Сончево со мала доумерена облачност
23.12.2020
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По котлините значително облачно или со појава на магла, особено претпладне. Во јужните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец.
Температурите ќе се движат од 0 до 15 степени, а во Скопје од 0 до 9 степени.
И утре ќе се задржи стабилно и суво време, по котлините со појава на магла и значителна ниска облачност.
Под влијание на влажен бран од петок попладне до недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините со снег.
Поради продор на студена воздушна маса од север, во сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1.000м, па снег ќе има и во повисоките населени места, особено во западните и северните делови од земјава.