Спасовски: Граѓаните ќе можат на бесплатна телефонска линија да пријават недозволени забави
Објавено на 28 декември, 2020 во 13:29
28.12.2020
МВР започнува со проектот бесплатна телефонска линија на која граѓаните ќе можат да ги пријават недозволените забави и собирања на повеќе од 4 лица.
-Денеска ќе излеземе со еден проект за бесплатен телефонски број, анонимен, и повикувам секој еден граѓанин да помогне и да биде партнер во спречувањето на ширењето на вирусот и таму каде што ќе има организирани настани и прослави да извести на тој телефонски, анонимен број, рече Спасовски во Утрински брифинг.