Свечено отворање на објектот во кој ќе биде сместено Министерството за политички систем
Објавено: 4 јануари, 2021, во 08:00 часот
4.01.2021
Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците информира дека денеска свечено ќе биде отворен објектот во којшто ќе биде сместено ова министерство.
Отворањето е закажано во 12 часот, а од Министерството најавуваат дека на настанот ќе присуствува и премиерот Зоран Заев.
Новиот објект на Министерството се наоѓа пред влезот од подземната гаража на Македонскиот народен театар.


