УХМР: Денеска не очекува променливо облачно и студено време
Објавено на 27 јануари, 2021 во 09:38
27.01.2021
Времето денеска ќе биде ппроменливо облачно и студено со умерен до засилен ветер. На одредени места ќе провејува слаб снег, но до крајот на денот облачноста во најголем дел од земјава ќе се намали.
Најстудено време изутринава е измерено на Попова Шапка, каде во седум часот се измерени -12 степени и 31 сантиметар снег. Потоа во Маврови Анови -10 со 21 сантиметар снег и Крушево -7 со пет сантиметри снег.
Времето утре низ Македонија ќе биде стабилно, но студено особено во утринските часови. Од петок веќе следува период на променливо облачно и потполно време со нови врнежи од дожд, додека на повисоките планини и врнежи од снег.
Стефани Манева
#ВременскаПрогноза #ПроменливоОблачно #Снег #ПоповаШапка #МавровкиАнови