Вкупно 40.600 граѓани се пријавиле на онлајн апликацијата за вакцинација

Објавено на 13 февруари, 2021 во 14:19

vakcinacija

13.02.2021

Вкупно 40.600 граѓани до денеска напладне се пријавиле преку онлајн аликацијата за вакцинирање против Ковид-19. Преку матичните лекари пријавени се 12.652 лица, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Веб страницата беше пуштена во функција во среда, а на неа може да се пријави секој граѓанин со тоа што системот ќе биде тој кој ќе генерира кои граѓани ќе бидат приоритетни.

Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање ќе може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин”.
Надлежните институции утврдија како ќе се одвива процесот на вакцинација. Во првата група се здравствените работници и лицата над 70 години.

Првите 8000 вакцини од компанијата „Фајзер” кои ни ги отстапи Србија се очекува да пристигнат следните денови, а кон средина на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската „Синофарм”. Во земјава треба да пристигнат и дополнителни дози од „Фајзер” кои се обезбедени од директните преговори со компанијата, како и дози преку Ковакс системот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.