Продолжува периодот на стабилно време

Објавено на 25 февруари, 2021 во 08:38

sonce fin

25.02.2021

Времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје сончево. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 19 степени.

Продолжува периодот на стабилно време.

До сабота ќе се задржи натпросечно топло, а од недела ќе има намалување на температурата за 6 до 8 степени. Од сабота попладне ќе почне да дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, а ќе има и извесно зголемување на облачноста.

Топлото време до сабота ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.