УХМР: Променливо облачно со температура до 15 степени
Објавено на 8 март, 2021 во 08:35
08.03.2021
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а по одделни котлини со значителна ниска облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и на одредени места ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Утре и во среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Пообилни врнежи се очекуваат во северните делови од земјата. Потоа следува период на стабилно и потопло време.
Стефани Манева